Обука за ЕУ фондови Лидер пристап (Општина Боговиње)
На ден 30 ноември 2018 година, во општина Боговиње се одржа првата обукана тема “ЕУ фондови и ЛИДЕР пристап”, како активност предвидена во рамките на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”.
На обуката беа претставени мерките наменети за земјоделците, како и мерките наменети за бизнис секторот во рамките на ИПАРД програмата и можностите и начините за нивно искористување. Учесниците беа запознаени со ИПАРД програмата и со процесот на аплицирање.
Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени” го имплементира Здружение за развој и образование АДОРА- Јегуновце- Тетово. Проектот е финансиран од Европската Унија, и се спроведува во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “, проект што го имплементираат Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.