ПРОМЕНА НА ДАТУМ на реализирање на активност – посета на земјоделска задруга

Почитувани,

 

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово започна со  имплементација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”.

Во рамките на проектот предвидено е посета на земјоделска задруга на територијата на Република Македонија.

Ги известуваме сите лица кои изразиле интерес за учество во оваа активност, дека истата НЕМА да се реализира на 17 ноември 2018 година.

Посетата ќе се реализира на 19 ноември 2018 година (понеделник) во Богданци, РМ.

Главниот фокус на оваа посета ќе биде споделување на позитивни искуства од областа на земјоделското задругарство.

Лицата кои веќе изразиле интерес за учество вооваа активност, ќе бидат контактирани по телефон за сите останати детали.

Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”е  финансиран од Европската Унија, и имплементиран во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.