Повик за учество во Обука за здружување и земјоделско задругарство
Повик за учество во
Обука за здружување и земјоделско задругарство
Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце – Тетовозапочнасо имплементација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”, финансиран одЕвропската Унија, a во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.
Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени” ќе придонесе кон одржлив економски и рурален развој, вмрежување на целни групи, зајакнати капацитети за зголемена искористеност на ЕУ фондови за рурален развој, дефинирање на процеси и канали на комуникација за соработка со локалната самоуправа.
Во рамките на проектот ќе се спроведе Обука за здружување и земјоделско задругарство.
Во рамките на обуката ќе бидат опфатени следниве теми:
Стратешко планирање/бизнис планирање
Маркетинг
Производство
Социјално претприемништво
Обуката ќе се одржи на 23 ноември 2018 година во просториите на Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце – Тетово.
Ги повикуваме сите заинтересирани лица да го изразат својот интерес за учество во оваа обука наe-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на телефон 075/209876 или директно во просторите на АДОРА – Тетово, адреса“Иво Лола Рибар” бр. 163 Тетовo најдоцна до 21.11.2018 година, до 12:00 часот.
Лицата кои ќе изразат интерес за учество во оваа обука, ќе бидат дополнително контактирани.