Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/adora/public_html/plugins/system/admintools/admintools/core.php on line 33

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/adora/public_html/plugins/system/admintools/admintools/pro.php on line 39
Повик за понуди Експерт за Обука за здружување и земјоделско задругарство

Повик за понуди Експерт за Обука за здружување и земјоделско задругарство

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово започна со реализација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”.

Проектот е  финансиран од Европската Унија, и имплементиран во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.

Во рамките на проектот ќе се спроведе Обука за здружување и земјоделско задругарство.

Во рамките на обуката ќе бидат опфатени следниве теми:

  • Стратешко планирање/бизнис планирање
  • Маркетинг
  • Производство
  •  Социјално претприемништво

За таа цел се распишува повик со Реф. 01/18-2 за Експерт за Обука за здружување и земјоделско задругарство.Експертот треба да:

  • Даима завршено високо образование агро-економист;
  • Да има искуствово во работа на програми поврзани со Стратешко планирање/бизнис планирање, Маркетинг , Производство и Социјално претприемништво.
  • Опис на работата: Од лицето ангажирано за оваа активност се очекува

Подготовка на презентација за учесниците во обуките во согласност со темата предвидена за оваа обука (Стратешко планирање/бизнис планирање, Маркетинг, Производство и Социјално претприемништво),

Навремено и уредно извршување на работните задачи предвидени за оваа обука.

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Екпертот по завршувањето на обуката. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата.

Сите заинтересирани физички и правни лица потребно е да ги испратат следните документи:

  • Стручна биографиjа (физички лица) или
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (правни лица) со стручна биографија од лицето кои што ќе ја води обуката во име на правното лице.

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 26.10.2018 година до 16.00 часот на следниотмеил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно во просториите на АДОРА, Ул. Иво Рибар Лола бр. 163, 1200 Тетово со назнака за “Повик Реф. Реф. 01/18-2“.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 29.10.2018 година.

Со почит,
Кочовска Елизабета
Проектен координатор