Повик за учество во oбука за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристап

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово започна со  имплементација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”финансиран од Европската Унија, a во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.

Во рамките на проектот ќе се спроведе втора Обука за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристапОбуката ќе се одржи на 7 декември 2018 година во општина Боговиње.

Ги повикуваме сите заинтересирани лица да го изразат својот интерес за учество во оваа обука на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на телефон 075/209876 или директно во просторите на АДОРА – Тетово, адреса Иво Лола Рибар” бр. 163   Тетовo најдоцна до 05.12.2018 година, до 12:00 часот.

Лицата кои ќе изразат интерес за учество во оваа обука, ќе бидат дополнителни контактирани.