Досегашни активности

Учество во програма за зајакнување на капацитети на комисии за односи меѓу заедниците спроведена од страна на ИРЗ како носител на активностите. Види на линк www.irz.org.mk Организација на ДЕН НА МИРОТ во Тетово, во соработка со ИРЗ-Тетово Членка и активности во рамките на Мрежа за доживотно учење ( www.mdu.mk) Обуки- консултација за претприемништво за различна целна група Активности сврзани за зајакнување на капацитети на млади невработени лица Адора во рамките на ресурсниот центар, во 2011 има организирано програма за обуки на млади невработени лица, со цел да ги зајакнат и надградат своите знаења и да бидат поконкурентни на пазарот на труд и знаење. Активности за млади, младинско учество и волонтерство Адора како дел од нејзината програма за 2011, согласно финансискиот план реализираше активности од интерес за млади во склоп на кои: семинари, работилници, конференции, публикации, патувања во земјата и странство. Активности за генерирање приход, економски развој и вработување Во програмата за самоодржливост за 2011, Адора, успеа да се наметне како правен субјект кој организира настани, конференции, семинари и за таа цел да ги наплаќа своите услуги. Бона Менте 6: Комисии за односи меѓу заедниците, - (КОМЗ) Здружението за развој и образование АДОРА  во периодот од Јануари 2012 до Април 2012  партнерски го спроведе проектот “Бона Менте 6 – Поддршка за Комисиите за односи меѓу заедниците во етнички мешани општини кои не се законски обврзани да воспостават КОМЗ” финансиран од страна на Амбасадата на Кралство Норвешка. Во спроведувањето на проектот учествуваа претставници од КОМЗ од 16 општини кои немаат законска обврска да формираат КОМЗ, претставници на невладини организации и засегнати граѓани. Целта на овој проект беше поттикнување и зајакнување на капацитетите на носителите на одлуки на локално ниво (членови на КОМЗ, членови на Советите на општините и општинската администрација) во етнички мешани општини кои доброволно имаат воспоставено КОМЗ; зголемување на застапувањето на КОМЗ кон општинските совети; зголемување на нивото на транспарентност на работата на КОМЗ; воспоставување на влијание и видливост на КОМЗ во локалните заедници; информирање на граѓаните за работата на КОМЗ во општините ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛЕГИСЛАТИВАТА ВО РМ ВО ОДНОС НА КОМЗ Адора при реализација на својата годишна програма за 2012 и при имплементација на Бона Менте 6, како дел од овој проект опфати и дел од активностите кои беа имплементирани имаа за цел истражување и документирање на состојбите во кои што се наоѓаат КОМЗ, анализа на нивните потреби како и проблемите со кои што се соочуваат во своето работење. Во овој дел од активностите АДОРА реализираше теренско истражување во 21 општина во Република Македонија со кое што беа опфатени претставници на КОМЗ, локална администрација, НВОи, како и обични граѓани. Ова истражување служи како основа за изготвување на анализа на политики и кратка информација за политики во делот на функционирањето на КОМЗ, кои пак понатаму ќе служат за да бидат искористени за да се изготват предлог измени и дополнување на законот за локална самоуправа во делот на КОМЗ. Активности на АДОРА во рамките на Сојуз за развој на образование за возрасни и доживотно учење (СРОВ) Здружение АДОРА – Тетово, како организација основач и член на националниот СРОВ на Република Макеоднија, активно е вклучена во реализација на повеќе активности. Во досегашниот период, претставници на АДОРА беа вклучени при еализација на следните активности: 1. Ко-организатор на денови на доживотно учење со трибини во повеќе општини во Македонија 2. Спроведување на анализа на понудувачи на неформлано образование во Република Македонија 3. КОнтинуирано учество во работа во органи и тела на СРОВ за развој на програми за образование на возрасни 4. Организирање на консултативни средби и работилници за неформално образование и верификација на програми 5. Учество на национални конференции и други настани поврзани до неформлано образование.