Посета на земјоделска задруга
ПОСЕТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА
19 Ноември 2018,
Богданци, Република Македонија
На ден 19 ноември 2018 година, Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово, во рамки на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени” ја реализираше активноста “Посета на земјоделска задруга на територијата на Република Македонија”.
Во рамките на оваа активност беше посетена Задруга во Богданци. Оваа задруга постои од 1996 и нејзината задача е одржување на системот за водоснабдување во овој регион. Таа е пример како една задруга може успешно да излезе во пресрет на потребите на нејзините членови и пошироко на целокупното население од овој регион, и во исто време да обезбеди и самоодржливост на нејзиното функционирање.
Учесниците во оваа активност стекнаа дополнителни знаења за придобивките од членство во задруга. Овој пример покажа како со помош на задругата може да се постигне задоволување на потребите на членовите на таа задруга, и во исто време да се обезбеди самостојно и независно функциониране на овој вид на здружување.
Проектот е финансиран од Европската Унија, и имплементиран во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.