Повик за понуди: Експерт за Обука за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристап

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово започна со реализација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”.

Проектот е  финансиран одЕвропската Унија, и имплементиран во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.

Во рамките на проектот ќе се спроведат две еднодневни oбуки за ЕУ фондови- и ЛИДЕР пристап.

За таа цел се распишува повик со Реф. 01/18-1 за Експерт за oбуки за ЕУ фондови- и ЛИДЕР пристап.Експертот треба да:

  • Да има завршено високо образование – агроном;
  • Да има искуство во работа со ЕУ фондови;
  • Да има искуство во работа со инвестициски фондови;
  • Да има искуство во работа со кредитирање ;
  • Да има искуство во работа со земјоделци, фирми од рурални средини.
  • Експертот ќе биде ангажиран за две еднодневни обуки.

Опис на работата: Од лицето ангажирано за оваа активност се очекува

-         Подготовка на презентација за учесниците во обуките во согласност со темата предвидена за овие обуки (ЕУ фондови- и ЛИДЕР пристап),

-          Навремено и уредно извршување на работните задачи предвидени за овие обуки.

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Експертот по завршувањето на обуките. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата.

Сите заинтересирани физички и правни лица потребно е да ги испратат следните документи:

  • Стручна биографиjа (физички лица) или
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (правни лица) со стручна биографија од лицето кое што ќе ги води обуките во име на правното лице.

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 26.10.2018 година до 16.00 часот на следниотмеил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно во просториите на АДОРА, Ул. Иво Рибар Лола бр. 163, 1200 Тетово со назнака за “Повик Реф. Реф. 01/18-1 “.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 29.10.2018 година.

Со почит,
Кочовска Елизабета
Проектен координатор