Повик за понуди: Експерт за подготовка на документација за формирање на земјоделска задруга и за подготовка на бизнис план на задруга

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово започна со реализација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”.

Проектот е  финансиран од Европската Унија, и имплементиран во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.

Во рамките на проектот ќе се спроведе Обука за здружување и земјоделско задругарство, во рамките на која е предвидено и подготовка на документација за формирање на земјоделска задруга како и подготовка на бизнис планот за истата.

За таа цел се распишува повик со Реф. 01/18-3 за Експерт за подготовка на документација за формирање на земјоделска задруга и за подготовка на бизнис план на задруга. Експертот треба да:

  • Даима завршено високо образование агро-економист;
  • Да има искуство во изработка на бизнис планови;
  • Да има искуство во работа со земјоделци;
  • Да има искуство во работа со здруженија на граѓани;
  • Да има искуство во работа на проекти за формирање на земјоделски задруги.
  • Опис на работата: Од лицето ангажирано за оваа активност се очекува
  • подготовка на потребната документација за формирање на земјоделска задруга,
  • подготовка на бизнис план на задруга.

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Експертот по завршувањето на предвидената активост. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата.

Сите заинтересирани физички и правни лица потребно е да ги испратат следните документи:

 

  • Стручна биографиjа (физички лица) или
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (правни лица) со стручна биографија од лицето кои што ќе ја води обуката во име на правното лице.

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 26.10.2018 година до 16.00 часот на следниотмеил Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно во просториите на АДОРА, Ул. Иво Лола Рибар бр. 163, 1200 Тетово со назнака за “Повик Реф. Реф. 01/18-3 “.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 29.10.2018 година.

Со почит,
Кочовска Елизабета
Проектен координатор