Завршна конференција на проектот: “Партнерство за позитивни социјални промени”

На ден 12 Февруари 2019 година, во ресторан Парадокс се одржа завршна конференција на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени.  

 

На завршната конференција беа пренесени знаења и искуства стекнати во рамките на проектот, беше претставено значењето на земјоделското задругарство и придобивките од формирање на земјоделска задруга, беа споделени искуствата од првата и од втората обука за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристап и од Обуката за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа.

Беа пренесени резултатите од процесот на лобирање за учество на земјоделците во процес на развој на буџетот во општините од Полошкиот регион.

Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени” го имплементира Здружение за развој и образование АДОРА- Јегуновце - Тетово. Проектот е финансиран од Европската Унија, и се спроведува во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “, проект што го имплементираат Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.