Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/adora/public_html/plugins/system/admintools/admintools/core.php on line 33

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/adora/public_html/plugins/system/admintools/admintools/pro.php on line 39
Повик за учество на завршна конференција на Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”

Повик за учество на завршна конференција на Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово го имплементираше проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”, финансиран одЕвропската Унија, a во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.

Во рамките на проектот ќе се спроведе Завршна Конференција, на која ќе бидатпренесени знаења и искуства стекнати во рамките на проектот, односно ќе се претстават придобивките од формирање на земјоделска задруга, ќе се споделат искуствата од реализираните обуки за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристапот и од обуката за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа. Исто така ќе се пренесат и резултатите од процесот на лобирање за учество на земјоделците во развој на буџетот во општините од Полошкиот регион. Ќе се изнесат препораки, заклучоци и мерки за одржливост на проектот.

Завршната конференцијата ќе се одржи на 12 февруари 2019 година во ресторан Парадокс - Тетово

Ги повикуваме сите лица кои се заинтересирани за присуство на овој настан, да се пријават на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на телефон 075/209876или директно во просторите на АДОРА – Тетово, адресаИво Лола Рибар” бр. 163 Тетовo, најдоцна до 08.02.2019 година, до 12:00 часот.

Лицата кои изразиле интерес за присуство ќе бидат дополнително контактирани.

Со почит,

АДОРА - Тетово