Обука за зајакнување на соработката помеѓу граѓански организации, бизнис сектор и локалната самоуправа (Боговиње)
На ден 17 Јануари 2019 година, во општина Боговиње се одржа обука на тема “Зајакнување на соработката помеѓу граѓански организации, бизнис сектор и локалната самоуправа”, како активност предвидена во рамките на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”.
На обуката се беа презентирани темите лобирање, вмрежување и застапување, како начин за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа.
Присутните беа запознаени со начинот како да се реши проблем преку лобирање, како преку вмрежување да се зајакне соработката и истата да се имплементира преку застапување.
Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени” го имплементира Здружение за развој и образование АДОРА- Јегуновце - Тетово. Проектот е финансиран од Европската Унија, и се спроведува во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“, проект што го имплементираат Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.