Повик за учество на Обука за зајакнување на соработката помеѓу граѓански организации, бизнис сектор и локалната самоуправа

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово започна со имплементација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”финансиран одЕвропската Унија, a во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.

Во рамките на проектот ќе се спроведе Обука за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа.

Обуката ќе се одржи на 17 јануари 2019година во општина Боговиње.

Ги повикуваме сите заинтересирани лица да го изразат својот интерес за учество во оваа обука на

e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на телефон 075/209876 или директно во просторите на АДОРА – Тетово, адресаИво Лола Рибар” бр. 163 Тетовo, најдоцна до 15.01.2019 година, до 12:00 часот.

Лицата кои ќе изразат интерес за учество во оваа обука, ќе бидат дополнителни контактирани.

Со почит,
АДОРА - Тетово