Втора обука за ЕУ фондови Лидер пристап (Општина Боговиње)

На ден 07 декември 2018 година, во општина Боговиње се одржа втората обукана тема ЕУ фондови и ЛИДЕР пристап, како активност предвидена во рамките на проектот  Партнерство за позитивни социјални промени.

 

На оваа обука учесниците се стекнаа со дополнителни информации околу процесот на аплицирање за ИПАРД фондовите, потребните документи, процедурата и временскиот рок кој треба да се запази. Дополнително учесниците беа запознаени со специфичните карактеристики на ЛИДЕР пристапот, историјата и моменталната состојба со ЛЕАДЕР пристапот во Македонија, кои можности ги нуди и како фунционира. ЛИДЕР пристапот беше преставен како уште една можност и уште еден начин за искористување на еу фондовите.

 

 Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени” го имплементира Здружение за развој и образование АДОРА- Јегуновце- Тетово. Проектот е финансиран од Европската Унија, и се спроведува во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “, проект што го имплементираат Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.