Обука за здружување и земјоделско задругарство

На ден 23 ноември 2018 година, во просториите на Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово,  се одржа “Обука за здружување и земјоделско задругарство”, како активност од проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”.

На оваа обука беа презентирани придобивките од земјоделските стопанства и задруги, како и потребата од ваквиот тип на здружување, имајќи предвид дека развојот на селата денес е единствено можен  ако постојат субјекти кои можат да се носат со таквиот развој, субјекти како што се задругите, малите и средни претпријатија. Задругите во ЕУ во изминатиот период покажале дека многу успешно можат да ја обавуваат  друштвената функција во руралните средини, со тоа што младите луѓе на селото ќе ги увидат економските придобивки како и воведувањето на новата технологија во земјоделското производство и развојот на селскиот туризам преку задругите.

Задругите поради сето ова повторно стануваат носители на напредокот на земјоделството и руралните средини.

Проектот е  финансиран од Европската Унија, и имплементиран во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.