Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/adora/public_html/plugins/system/admintools/admintools/core.php on line 33

Strict Standards: Only variables should be assigned by reference in /home/adora/public_html/plugins/system/admintools/admintools/pro.php on line 39
Покана за учество во активност: Посета на земјоделска задруга

Покана за учество во активност: Посета на земјоделска задруга

Почитувани,

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово започна со  имплементација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”.

Проектот “Партнерство за позитивни социјални промени” ќе придонесе кон одржлив економски и рурален развој, вмрежување на целни групи, зајакнати капацитети за зголемена искористеност на ЕУ фондови за рурален развој, дефинирање на процеси и канали на комуникација за соработка со локалната самоуправа.

Во рамките на проектот предвидено е посета на земјоделска задруга на територијата на Република Македонија.

За таа цел, Здружението за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово со задоволство Ве поканува на учество во активност “Посета на земјоделска задруга на територијата на Република Македонијакоја ќе се одржи на 17 Ноември 2018година во Богданци, РМ.

Главниот фокус на оваа посета ќе биде споделување на позитивни искуства од областа на земјоделското задругарство.

Ве молиме  Вашето присуството да го потврдите наОваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на телефонскиот број 075/209 876 или директно во просториите на АДОРА, УЛ. Иво Лола Рибар бр.163 Тетово, најдоцна до 12.11.2018 до 12:00 часот.

Проектот е  финансиран од Европската Унија, и имплементиран во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.