Повик за учество во Обука за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристап
Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце - Тетово започна со имплементација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”, финансиран одЕвропската Унија, a во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.
Во рамките на проектот ќе се спроведе Обука за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристап. Обуката ќе се одржи на 30 ноември 2018 година во општина Боговиње.
Ги повикуваме сите заинтересирани лица да го изразат својот интерес за учество во оваа обука наe-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на телефон 075/209876 или директно во просторите на АДОРА – Тетово, адреса“Иво Лола Рибар” бр. 163 Тетовo најдоцна до28.11.2018 година, до 12:00 часот.
Лицата кои ќе изразат интерес за учество во оваа обука, ќе бидат дополнително контактирани.