Повик за учество во Обука за здружување и земјоделско задругарство

Повик за учество во

Обука за здружување и земјоделско задругарство
 

Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце – Тетовозапочнасо  имплементација на проектот “Партнерство за позитивни социјални промени”финансиран одЕвропската Унија, a во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.

Проектот Партнерство за позитивни социјални промени” ќе придонесе кон одржлив економски и рурален развојвмрежување на целни групизајакнати капацитети за зголемена искористеност на ЕУ фондови за рурален развој, дефинирање на процеси и канали на комуникација за соработка со локалната самоуправа.

Во рамките на проектот ќе се спроведе Обука за здружување и земјоделско задругарство.

Во рамките на обуката ќе бидат опфатени следниве теми:

  Стратешко планирање/бизнис планирање

  Маркетинг

  Производство

  Социјално претприемништво

 

Обуката ќе се одржи на 23 ноември 2018 година во просториите на Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце – Тетово.

Ги повикуваме сите заинтересирани лица да го изразат својот интерес за учество во оваа обука наe-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., на телефон 075/209876 или директно во просторите на АДОРА Тетово, адресаИво Лола Рибар” бр. 163   Тетовo најдоцна до 21.11.2018 година, до 12:00 часот.

Лицата кои ќе изразат интерес за учество во оваа обука, ќе бидат дополнително контактирани.