Соопштение за отпочнување на проект
С О О П Ш Т Е Н И Е
Здружение за развој и образование АДОРА – Јегуновце – Тетово започна со имплементација на проектот Партнерство за позитивни социјални промени, финансиран од Европската Унија, a во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка.
Проектот Партнерство за позитивни социјални промени и ќе придонесе кон одржлив економски и рурален развој, вмрежување на целни групи, зајакнати капацитети за зголемена искористеност на ЕУ фондови за рурален развој, дефинирање на процеси и канали на комуникација за соработка со локалната самоуправа.
За таа цел ќе се одржат следниве активности:
- 1. Обуки за ЕУ фондови и ЛИДЕР пристап
- 2. Обука за здружување, планирање и земјоделско задругарство
- 3. Посета на земјоделска задруга во Република Македонија
- 4. Средби за развој и утврдување на предлози за општинскиот буџет
- 5. Обука за зајакнување на соработката помеѓу граѓанските организации, бизнис секторот и локалната самоуправа
За повеќе информации, Ве молиме да контактирате со нас на: телефон: 075 209 – 876, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во просторите на АДОРА – Тетово, адреса “Иво Лола Рибар” бр. 163 Тетовo.
Со почит,
АДОРА - Тетово